Спасовски: Протестите мора да бидат мирни и демократски

Граѓаните имаат право на протест и тоа право никој не може да го суспендира. Меѓутоа протестите мора да бидат мирни и демократски, апелира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Апелирам до политичките субјекти, организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, да ги сочуваме, редот, мирот и безбедноста. Насилството кон оние кои го оддржуваат редот – врз македонската полиција, врз институциите нема да придонесе кон ништо“, порача Спасовски.

Тој наведе дека има најави за радикализација на протестите од одредени политички субјекти, во смисла на напади врз полициски службеници и витални објекти на институции.

„Вчера имавме обид за ескалација, имаме четворица повредени полициски службеници, а самото тоа покажува дека преку насилство не може да се постигне ништо, туку треба да се разговара во институциите на системот“, додаде Спасовски.

- Реклама -