Илир Кула: „Со Македонија сите се мајтапат, ја направивме салата… Имаат ли тие граѓани таму некакви права?“

Македонија е мета на потсмев и она што ѝ се прави е неправда која не ја заслужува, смета Илир Кула, еден од најпознатите безбедносни експерти во Албанија.

Коментирајќи го бугарското вето што го условува отворањето на преговорите со земјава, и следствено со Албанија, Кула истакна дека „секој поставува услови“ и дека никој не ги зема во предвид правата на граѓаните кои живеат овде.

„Вистината е тоа, дека со Македонија, простете ми за изразот, сите се мајтапат. Кога беше историјата, Грција ги условуваше со името, овие другите ѝ го условуваат јазикот, Еди Рама вели дека е западна Бугарија, Србија ја условуваше црквата. Дали овие граѓани таму кои ќе станат дел од ЕУ имаат некакви права? Проблемот е што цела Македонија ја ставивме на средина и ја направивме како салата“, изјави Кула.

Според него, „проблемот е што ѝ се прави на Македонија“ и дали „македонската Влада ќе го прифати падот“, но и тоа што Албанија е колатерална жртва, а не треба да се условува.

„Бугарија го одобри францускиот план. Сега доаѓаме до делот каде што зборуваме за средината, бидејќи во Скопје има политичка дебата, а политичката дебата во Скопје од страна на премиерот е дека не го прифаќаат францускиот план. Повторувам, ние сме земени како заложници за политичко прашање кое нема врска со Албанија, таа е жртва на ова и не треба да се условува. Ова е вистината, сакал некој да признане или не“, посочува Кула.

- Реклама -