Фуере: Разбирачката на Вархеји за „бугарските грижи“ тотално нема логика, треба да се засрами и да поднесе оставка

Разбирачката за бугарските грижи на еврокомесарот за проширување и соседска политика – Оливер Вархеји, „тотално нема логика“, смета поранешниот европратеник Ерван Фуере, во одговор на твитот на еврокомесарот од Унгарија.

„Тотално нема логика… Како можете да ги поддржувате ‘сите бугарски грижи’ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, додека другите се во спротивност со пресудите на Европскиот суд за човекови права“, посочи Фуере.

Тој додаде и дека Вархеји „треба да се засрами“ и да си поднесе или да биде принуден да си поднесе оставка за таквата изјава.

- Реклама -