Софија, 22 јуни 2022 (МИА) – Прво успешно гласање за недоверба на влада на Бугарија во нејзината понова историја ја собори Владата на Крил Петков. Гласањето за недоверба беше поднесено од партијата ГЕРБ. Аргументот на најголемата опозициска партија беше „неуспех на владата во финансиската политика“.
На вонредната седница Парламентот со 123 гласови „за“ и 116 „против“ изгласа недоверба на Владата на Бугарија. Сега претстои владата да си поднесе оставка. Претседателот на државата треба да почне консулатации со партиите во Парламентот.