Германија подготвува план за вонредна ситуација поради гасот

Берлин, 22 јуни 2022 (МИА) – Германската влада се подготвува да прогласи ситуација на тревога поради гасот, во согласност со националниот план за вонредни состојби.

Државниот секретар во Министерството за економија и заштита на климата, Патрик Грајхен, ја подготвил енергетската индустрија за претстојниот чекор, пишува весникот „Велт“, повикувајќи се на кругови во енергетската индустрија.

Министерството не ја потврди ниту негира информацијата на весникот, а според извештајот, компаниите од енергетската индустрија се подготвуваат за претстојното објавување на тревогата.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина
- Реклама -