Над 50 награди за „Тиквеш“ на четирите пролетни престижни светски и регионални вински натпревари

Скопје, 20.06.2022 – Вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија вкупно 51 трофеи, медали и признанија на четирите најпрестижни и највлијателни светски и регионални вински натпревари што се одржуваат во овој дел од годината. Заедно со нив, вкупниот број освоени награди на сите натпревари што се одржаа во првиот дел од оваа година се искачи над 80, со што „Тиквеш“ одново го потврдува реномето на најтрофејна винарница од регионот и глобален амбасадор на квалитетното македонско вино.

Четирите престижни натпревари на кои се освоени овие награди се: Интернационалниот вински натпревар 2022 (IWC – International Wine Challenge 2022), Декантер светски вински награди 2022 (Decanter World Wine Awards 2022), Светскиот натпревар во Брисел 2022 (Concours Mondial de Bruxelles 2022) и Балканскиот меѓународен вински натпревар 2022 (Balkans International Wine Competition 2022).

„Горди сме на големиот број трофеи и медали што ги освојуваат нашите вина. Тие се големо признание за сѐ она што континуирано го правиме во ,Тиквеш’ за да го постигнеме неопходниот висок квалитет што го бараат консументите на пазарите каде се пласираат нашите вина. За да се произведе врвно вино, потребно е грозје кое ги задоволува светските стандарди за квалитет и ние инсистираме на обезбедување на грозје со висок квалитет за производството на нашите вина. Истовремено, сите овие награди имаат и големо значење за пробивот и на останатите квалитетни македонски вина на светските пазари, за јакнењето на угледот на Македонија како винска земја и отвораат нови перспективи за натамошен одржлив развој на целокупната домашна винска индустрија и лозарство“, велат од „Тиквеш“.

На IWC 2022, кој се одржа во Лондон, Велика Британија, винарската визба „Тиквеш“ по вторпат го освои трофејот за најдобро вино од Македонија, што како највисок вид награда се доделува во рамки на овој угледен натпревар. Добитник на годинешниот трофеј и воедно на златен медал на овој престижен меѓународен вински натпревар е виното „Merak“ од бербата 2021, кое е специјално подготвено и се пласира на британскиот пазар, како еден од најголемите и најзначајните светски вински пазари. Истовремено, ова вино го освои и највисокиот платинест медал на натпреварот Decanter WWA 2022.  Заедно со двете високи награди за „Мерак“, на годинешниот IWC, вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија вкупно 17 награди, меѓу кои се и три сребрени медали за вината „Saga 2021“, „Kratosija 2021“ и „Chateau de Gourdon Terrasse a L’Ombre 2019“, два бронзени медали за вината „Sauvignon Blanc Barovo 2021“ и „Alexandria red 2021“, а дополнително 10 вина добија специјални пофалби од страна на оценувачите.

Прочитајте и:  „Бела Вода“ на „Tikveš Château & Domaines“ прогласено за најдобро вино од земјава на Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград

Заедно со платинестиот медал за „Merak“, на годинешниот натпревар Decanter, вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија вкупно 14 медали, од кои и еден златен за црвеното вино „Barovo 2019“, три сребрени медали за вината „Bela Voda red 2019”, „Domain Lepovo Charodonnay 2021” и „Chateau de Gourdon Terrasse à l’Ombre 2019” и девет бронзени медали.

Исто така, вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ постигнаа значаен успех и на винскиот натпревар Concours Mondial de Bruxelles 2022 што традиционално се одржува во овој дел од годината во Брисел, освојувајќи златен медал за виното „Chateau de Gourdon Vase de Pierre 2018“ и три сребрени медали за вината: „Chateau de Gourdon Terrasse a L’Ombre 2019“, „Bela Voda red 2019“ и „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“.

На годинешниот Балкански меѓународен вински натпревар пак, белото премиум вино „Bela Voda white 2021“ е добитник на највисоката специјална награда – Голем трофеј, а црвеното вино „Vranec Luda Mara 2019“ ја доби специјалната награда – Најдобро на натпреварот од Северна Македонија. Истовремено, овие две премиум вина се добитници и на двоен златен медал, што исто така му беше доделен и на виното „Bela Voda red 2019“. Покрај овие вина, златен медал на овој вински натпревар добија и „Barovo red 2019“, „Sauvignon Blanc Barovo 2021“ и „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“, а виното „Domaine Lepovo Pinot Noir 2018“ доби сребрен медал.

* Комерцијален текст

- Реклама -