Од почетокот на војната убиени се 12.000 цивили, тврди шефот на украинската полиција

Киев, 13 јуни 2022 (МИА) – Од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари до сега се убиени повеќе од 12.000 цивили, изјави денеска началникот на украинската полиција, Ихор Клименко, во интервју за новинската агенција Интерфакс-Украина, пренесе ДПА.

Седумдесет и пет отсто од жртвите се мажи, два отсто се деца, а останатите 23 отсто жени, објасни шефот на украинската полиција.

„Тоа се цивили, овие луѓе немаа никаква врска со војската или со органите на редот“, нагласи Клименко.

Засега 1.200 од жртвите сѐ уште не се идентификувани, додаде тој.

Повеќе од 1.500 тела беа пронајдени во областа околу главниот град Киев откако руските војници се повлекоа на крајот на март. Откривањето на масовните гробници и врзаните трупови во предградието Буча предизвика меѓународен шок и негодување.

Прочитајте и:  Украина: Се бориме за целосно ослободување на окупираните територии

ОН досега регистрираа 4.300 цивилни жртви.

- Реклама -