Киев, 31 мај 2022 (МИА) – Повеќе од 4.000 цивили се убиени за време на војната во Украина, соопшти Канцеларијата за човекови права на ОН.
Според ОН, досега во Украина се убиени 4.113 цивили, меѓу кои 264 деца. Во соопштението се додава дека речиси 5.000 луѓе биле повредени, главно за време на гранатирање или воздушни напади.
Во регионите Доњецк и Луганск, според ОН, загинале 2.337 луѓе, а 2.808 се повредени. Се наведува дека реалниот број на загинати е веројатно многу поголем.