Лондон, 27 мај 2022 (МИА) – Копнените сили на руската армија продолжуваат со обидите за опколување на Северодоњецк и Лисичанска и неодамна зазедоа повеќе села северозападно од Попасна, објави Министерството за одбрана на Велика Британија во редовниот извештај на военото разузнавање.
Најголемиот руски притисок е насочен кон Северодоњецк, но Украина и понатаму има контрола над неколку добро одбранети сектори, поради што Русите сè уште немаат целосна контрола врз Донбас.
Изминатите денови, руските сили, веројатно, од складишта извлекоа тенкови Т-62, стари 50 години и ги префрлија на јужниот дел од Украина, се наведува во извештајот.
Како што се тврди, тие тенкови ќе бидат особено ранливи на противтенковско оружје, па се нагласува фактот дека на Русија ѝ недостасува модерна борбена опрема.