Премиерот на Словачка во Давос: Ако Украина не успее, Словачка е следна, Украинците мора да победат

Давос, 25 мај 2022 (МИА) – Премиерот на Словачка, Едуард Хегер, предупреди за иднината на својата земја, во случај Русија да ја порази Украина.

„Ако Украина не успее, Словачка е следна. Тие (Украинците) мора да победат“, истакна тој денеска, меѓу другото, на Светскиот економски форум во Давос.

Тој критикуваше членки на Европската Унија поради премногу потпирање на руската енергија.

„Ние всушност предолго ги менувавме нашите вредности за евтин гас и нафта“, додаде Хегер.

Тој продолжи со тоа дека „компромисот со Путин предизвика војна во Украина. Агресивна војна, луѓе умираат“.

Хегер побара да се работи со Украина и со Западен Балкан за да се дојде до „стандардизирани правила за тие да можат да пристапат во ЕУ“.

Прочитајте и:  Волц: Трамп планира да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса и да стави крај на војната
- Реклама -