Киев, 25 мај 2022 (МИА) – Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, изјави дека од почетокот на војната во градот загинале најмалку 22.000 луѓе.
Тој додаде дека во Мариупол, кој сега е под контрола на руските сили, најверојатно бројот на жртвите е многу поголем.
Андриушченко истакна дека Мариупол „е вратен во Среден век“.