САД: Европа нема повеќе да биде зависна од руската енергија

Вашингтон, 24 мај 2022 (МИА) – САД и ЕУ ги осудуваат уцените на Русија со помош на енергија и започнаа со оттргање на Европа од зависноста со руски гас и нафта, наведуваат денеска во заедничко соопштение Белата куќа и Европската комисија.

„Русија демонстрираше дека е несигурен партнер за енергетско снабдување на Европа и затоа се преземаат одлучни мерки да се намали зависноста од увоз на енергија од Русија“, се вели во соопштението.

Се додава дека на овие предизвици се одговара со формирање заедничка оперативна група за енергетска безбедност која при крајот на март беше објавена од претседателот Џо Бајден и Урсула вон Дер Лејен, претседателка на ЕК.

Руската енергија е несигурна и треба да биде заменета со други решенија и технологии откако Москва неоправдано го запре снабдувањето се електрична енергија на Финска и го сопре протокот на природен гас за Полска и Бугарија, со закани за слична мерки против други европски земји, велат од Белата куќа.

Прочитајте и:  Калас: ЕУ мора да ја поддржи Украина колку што е потребно

„САД и ЕК го осудуваат тоа што Русија уценува со помош на енергија и ја реафирмираат заложбата за засилување на енергетската безбедност на Европа. Преку оперативната група ќе продолжиме да работиме на диверзификација на снабдувачката со природен гас во Европа а во меѓувреме ќе овозможиме употреба на енергетско ефективни и паметни технологии за домовите и бизнисите во Европа, електрифицирано греење, и зголемена чиста енергија за целосно намалување на побарувачката на јаглеродни горива“.

Се наведуваат неколку такви напори – од Скандинавија до Балканот, каде во тек се изведуваат проекти за диверзификација на снабдувачката и намалување на зависноста од руски гас.

„Финска е меѓусебно поврзана со Естонија преку интерконекторот Балтиконектор, додека на 1 мај започна со употреба гасниот интерконектор Полска-Литванија“, соопштија од Белата куќа.

- Реклама -