Москва, 19 мај 2022 (МИА) – Гувернерот на руската област Курск, Роман Старовоит на Телеграм објави дека еден маж загинал, а повеќемина се повредени во напад на украинската армија врз погранично село Тјоткино.
„Уште еден непријателски напад врз Тјоткино, што беше изведен во зори, за жал заврши со трагедија. Во моментот се знае дека е убиен најмалку еден цивил“, напиша Старовоит на Телеграм.
Тој додаде и дека според првичните податоци, жртвата е возач на камион.
„Во нападот има и ранети … Оштетени се неколку куќи во Тјоткино. Во селото во моментов се гаснат пожарите“, истакна Старовоит.