Зеленски ја пофали „натчовечката сила“ на Украинците во борбата со „некогашната втора најсилна армија во светот“

Киев, 11 мај 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пофали „натчовечката сила“ на украинските војници во борбата против руската армија.

„Благодарен сум на сите наши заштитници кои возвраќаат и покажуваат навистина натчовечка сила“, рече Зеленски во своето секојдневно видео-обраќање доцна синоќа, истакнувајќи дека Украинците се борат против „некогашната втора најсилна армија во светот“.

Украинскиот претседател сепак е воздржан од чувство на еуфорија или „прекумерна емоција“.

„Нема потреба да се создава атмосфера на специфичен морален притисок кога се очекуваат одредени победи на неделна, па дури и дневна основа“, рече тој.

Зеленски се осврна и на извештаите на военото раководство за враќање под украинска контрола на дел од територијата во близина на градот Харков во источна Украина.

Прочитајте и:  Украина: Се бориме за целосно ослободување на окупираните територии

Украинските сили „постепено“ ги протеруваат окупаторите од регионот, рече Зеленски.

„Вооружените сили на Украина прават сѐ за да ја ослободат нашата земја и нашиот народ. Ќе бидат ослободени сите наши градови – Херсон, Мелитопол, Бердјанск, Мариупол и сите други“, нагласи украинскиот претседател.

- Реклама -