Украина од утре во 7:00 часот запира третина од рускиот гас кон Европа, за потегот ја обвинува Москва

Почнувајќи од утре, Украина ќе го суспендира протокот на гас преку транзитна точка која доставува речиси третина од гасот од Русија кон Европа преку Украина, објави Ројтерс.

Киев, потенцирајќи дека ќе го пренасочи протокот преку други точки, за ваквиот потег ја обвини Москва.

GTSOU – компанијата која оперира со украинскиот гасен систем, појасни дека ќе го суспендира протокот преку рутата Сохранивка поради „виша сила“ – клаузула на која бизнис компанија се повикува кога е погодена од нешто што е надвор од нејзина контрола. Во соопштението, од компанијата велат дека не можат да оперираат со гасната компресорска станица Новопсков поради „мешање на окупаторските сили во техничките процеси“. Од компанијата велат дека би можеле привремено да го пренасочат афектираниот проток преку друга рута, како што е Суџа – физичка интерконтекторска точка на територија што сѐ уште е контролирана од Украина, пренесува агенцијата.

Од руската компанија „Газпром“, меѓутоа, која има монопол врз извозот на рускиот  гас преку гасоводот, велат дека е „технички невозможно/неизводливо“ да се пренасочи целиот волумен кон Суџа, како што предлага украинската GTSOU.

Прочитајте и:  Бајден одобри противпешадиски мини за Украина со цел да се запре рускиот пробив

Како што посочува Ројтерс, Украина остана главна транзитна рута за рускиот гас за Европа дури и по руската инвазија на 24 февруари. Компресорката станица Новопсков, која се наоѓа во регионот на Луганск, беше окупиран од руските и сепаратистичките сили набрзо откако Москва ја започна „специјалната воена операција“. Новопсков е првата компресорска станица во украинскиот гасен транзит систем во Луганск и пренесува околу 32.6 милиони кубни метри гас дневно – околу третина од рускиот гас кој оди за Европа преку Украина, според украинската GTSOU.

Како што велат од „Газпром“, во известувањето што го добиле од GTSOU, се вели дека протокот преку Сохранивка ќе биде запрен утре (11 мај) во 7 часот наутро. Од компанијата потенцираат дека тие не виделе доказ за „виша сила“ или било какви пречки за протокот да продолжи како и досега. Тие посочија дека од своја страна ги исполнуваат сите обврски кон купувачите на рускиот гас во Европа.

- Реклама -