Атина, 9 мај 2022 (МИА) – Грција би била подготвена да испрати оклопни возила од типот БМП-1 во Украина, доколку се обезбеди замена за истите возила, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.
Според весникот, можноста за итна замена на вооружените системи кои служат „за цврстите потреби на одбраната на земјата е главниот параметар што може да влијае на одлуката на Атина да ѝ отстапи неколку оклопни возила на Украина“.
Грција би отстапила оклопни возила од типот БМП-1, доколку тие веднаш би можеле да биде заменет со персонал и борбени возила со слични способности, а притисокот за испраќање, како што пишува „Катимерини“, главно е од Германија.