Зеленски: Победивме тогаш, ќе победиме и сега – злото секогаш губи (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео-обраќање по повод победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. Во видеото, Зеленски порача рече дека неговата земја ќе победи во војната со Русија.

Зеленски потенцираше и дека Украина нема да ѝ даде „ниту еден дел од својата земја“ на Русија.

„Се бориме за нова победа. Патот до неа е тежок, но не се сомневаме дека ќе победиме“, рече украинскиот претседател.

Во пресрет на Денот на победата, тој оцени дека Русија „заборавила на сè што им било важно на победниците во Втората светска војна“.

Тој нагласи дека целиот слободен свет може да види дека Украина е „страната на доброто во оваа војна“, а Русија „ќе изгуби затоа што злото секогаш губи“.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина

Како што пренесува BBC, западните лидери исто така го искористија Денот на победата за уште еднаш да ги осудат акциите на Русија во Украина. Канадскиот премиер Џастин Трудо кој беше во посета на Украина, на пример, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „оди против вредностите за кои толку многу луѓе се бореа и загинаа“.

И лидерите на Г7 рекоа дека постапките на Путин донеле „срам за Русија и историските жртви на нејзиниот народ“.

Извор: МИА

- Реклама -