Песков: Знаеме дека Западот ѝ праќа разузнавачки информации на Украина, тоа ја одолговлекува но нема да ја попречи воената операција

Москва, 5 мај 2022 (МИА) – Руската армија знае дека САД, НАТО и Велика Британија ѝ доставуваат на Украина не само оружје, туку и разузнавачки информации и прават сè што е потребно во таа ситуација, изјави денеска портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.

„Нашата армија е свесна дека САД, Велика Британија и НАТО во целина, постојано пренесуваат разузнавачки и други параметри до украинските вооружени сили. Заедно со испраќањето оружје, тоа се акции кои не придонесуваат за брзо завршување на воената операција, но во исто време не можат да го попречат остварувањето на нејзините цели“, изјави Песков, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на руски агенции.

Њујорк Тајмс претходно цитираше високи американски претставници според кои САД обезбедиле разузнавачки информации кои им помогнале на украинските сили да ги убијат повеќето руски генерали кои загинаа во војната во Украина.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер

Според весникот, Вашингтон ѝ доставил на Украина детали за очекуваните движења на руските сили и локација и други детали за мобилниот воен штаб на Русија, а Украина ја комбинирала таа помош со сопственото разузнавање за да изврши артилериски напади и други напади во кои биле убиени руски офицери.

- Реклама -