Москва: Руските сили почнаа да го гранатираат „Азовстал“

Мариупол, 3 мај 2022 (МИА) – Руските сили почнаа со гранатирање на фабриката за челик „Азовстал“ во јужниот украински пристанишен град Мариупол, откако украинските војници го искористија прекинот на огнот за да заземат позиции, објави денеска агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

„Прогласен е прекин на огнот, цивилите мораа да бидат евакуирани од територијата на „Азовстал“. Тоа го искористија војниците на Азов и Украина, кои се стационирани во фабриката. Тие излегоа од подрумот, зазедоа позиции на територијата и во зградата на фабриката“, наведува руската агенција.

Според Министерството за одбрана, сега единиците на руската армија и на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ (ДНР), користејќи артилерија и авијација, почнуваат да ги уништуваат тие воени позиции.

Прочитајте и:  Француски медиуми: Трамп сака трошоците за обнова на Украина да ги сноси ЕУ

Портпарол на Министерството за внатрешни работи на самопрогласената ДНР вчера објави дека украинската страна го прекинала примирјето во челичарницата „Азовстал“ и почнала да гранатира од своите позиции кон територијата на фабриката.

Режимот за прекин на огнот е воведен претходно, поради што неколку стотици цивили успеаја да се евакуираат од територијата околу „Азовстал“ и околните области. гт/

- Реклама -