Русија забрани влез за речиси 600 Канаѓани, меѓу нив и Џастин Трудо

Москва, 28 април 2022 (МИА) – Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека воведува забрана за влез за речиси 600 канадски граѓани, меѓу кои и премиерот Џастин Трудо.

Министерството објави список од 592 канадски државјани на кои им е забранет влезот во Русија.

„Нагласуваме дека руската страна ги воведува овие санкции исклучиво како присилна реакција на непријателските дејствија на канадското раководство“, се вели во соопштението на руското МНР.

На списокот, меѓу другите, се и вицепремиерката Кристија Фриланд, министерката за одбрана Анита Ананд, Камерон Ахмад – директор за комуникации на Кабинетот на премиерот, и други функционери, пратеници, јавни личности и новинари.

Русија воведе слична забрана и за стотици британски членови на парламентот.

Прочитајте и:  Кремљ одби да ги коментира обвиненијата за напад со „Кинжал“
- Реклама -