Најмалку 22.800 руски војници досега се убиени во Украина, соопшти денеска украинската војска.
Украинскиот Генералштаб, пак, наведе дека украинските сили уништиле 970 руски тенкови, 2.389 оклопни возила, 431 артилериски систем и 151 повеќекратен ракетен систем.
Украинската армија тврди дека се уништени 187 авиони, 155 хеликоптери, 71 систем за противвоздушна одбрана, 1.688 возила, осум бродови, лесен глисер, 76 возила со гориво и 215 беспилотни летала.
Во соопштението се наведува дека руската армија во изминатите 24 часа загубила 400 војници.
Според Обединети нации, најмалку 2.787 цивили се убиени, а 3.152 се повредени во Украина од почетокот на руската инвазија, што почна на 24 февруари. Досега, 7.7 милиони луѓе во Украина се внатрешно раселени, а повеќе од 5.3 милиони избегаа во други земји.