Шефот на руското разузнавање ги обвинува САД и Полска дека планираат поделба на Украина

Москва, 28 април 2022 (МИА) – Шефот на руската Агенција за разузнавање денеска ги обвини САД и Полска дека планираат да добијат сфера на влијание во Украина, што е најсилниот сигнал од Москва дека војната може да заврши со присилна поделба на Украина меѓу Западот и Русија.

Сергеј Наришкин, началникот на руската служба за надворешно разузнавање (СВР), цитираше необјавени разузнавачки информации кои, како што рече, покажуваат дека САД и Полска, сојузниците на НАТО, подготвуваат заговор да вратат полска контрола врз дел од западна Украина.

„Според разузнавачките информации добиени од Руската служба за надворешно разузнавање, Вашингтон и Варшава работат на планови за воспоставување строга воена и политичка контрола на Полска врз нејзините историски имоти во Украина“, наведува Наришкин во ретката изјава објавена од СВР.

Прочитајте и:  Трамп најави дека на 20 јануари ќе воведе царини за производи од Кина, Канада и Мексико

Како што објасни, првата фаза на „повторното обединување“ треба да биде влегувањето на полските трупи во западните региони на Украина под слоганот за нивна „заштита од руска агресија“.

- Реклама -