Правата на домашната серија ги откупија многубројните светски платформи. Третата сезона почнува на 23 април
Најпопуларната српска криминалистичка серија „Државен службеник“ привлече внимание на голем број гледачи од регионот, а со своите мистериозни заплети и возбудливи пречки со кои главните ликови се среќаваат, ќе ја запознае и публиката ширум светот.
Правата на емитување на заедничкото остварување на Телеком Србија и продукциската куќа Филм Данас ги откупија светските платформи Disney+ од Индија, GloboPlay од Бразил, Somos Next и Flix Latino за подрачјето на САД и Порторико, Pop TV, Brio kanal и Voyo од Словенија и RTL и Play Premium платформа од Хрватска. Со оваа своевидна потврда на квалитетот на серијата, најавен е и почетокот на емитувањето на третата сезона – почнувајќи од 23. април, од 21h, на Суперстар каналот, гледачите за време на викендите ќе имаат прилика да гледаат 14 нови епизоди.
„Успеавме да ја оствариме целта која ја зацртавме на самиот почеток на вложувањата во продукција на серијата – да ја интернационализираме содржината, поради што од самиот старт бевме уверени во нивен и квалитетот на актерите, режисерите, продуцентите и сценаристите. Нашите серии сега се емитуваат на пет континенти, а „Државен службеник“ постави високи стандради до кои ќе се придржуваме и во иднина“, изјави Владимир Лучиќ, генералниот директор на компанијата Телеком Србија.
Творецот на оваа акциона серија и продуцентот, Предраг Гага Антониевиќ, заедно со продуцентот Макса Ќатовиќ, режисерот Мирослав Лекиќ и блескавата актерска екипа, успеа уште еднаш да создаде дело кое гледачите ќе ги држи во неизвесност до самиот крај. Публиката заедно со ликовите ќе поминува низ своите победи и порази, но и неизвесноста која ја донесе полицискиот час, затворањето на земјата и ситуации во кои ништо освен зачувувањето на здравјето не е важно.
„Ниту еден од неколкуте поранешни обиди да се креира филм во кој главниот лик е некој од државната безбедност или службата не поминал ниту кај домашната публика, ниту во странство. Сега, благодарејќи на Телеком Србија и блескавата екипа која работеше на ова остварување, голем дел од светската публика има можност да ужива во оваа серија“, истакна Антониевиќ.
Дејствието на претстојната трета сезона ќе биде сместено во современи и актуелни околности кои се случиле во светот – пандемијата на вирусот COVID-19. Главниот јунак Лазар Станоевиќ кој го толкува Милан Мариќ, државниот службеник на кој службата му е светост, ќе се најде пред нови предизвици на работа и во семејството.
„Благодарејќи на компанијата Телеком Србија, најголемиот купувач на аудио-визуелни содржини на овие простори, никогаш не се работело повеќе отколку сега. Преговорите пред почетокот на снимањето беа долги и тешки, траеа цели пет минути“, низ смеење изјави продуцентот Макса Ќатовиќ.
Третата сезона од „Државен службеник“ за македонската публика е достапна за премиерно гледање на Суперстар каналот, кој што дел од понудата на телевизиски канали на Msat TV сателитската телевизија на Мтел, членка на Телеком Србија групацијата.
* Комерцијален текст