Берлин, 19 април 2022 (МИА) – Германија ќе продолжи воено и финансиски да ја поддржува Украина иако практично до максимум го испорача оружјето од сопствените резерви и сега работи со индустријата за вооружување, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесуваат британските медиуми.
„Производителите на воена опрема изјавија дека можат брзо да го испорачаат и дека на Украина ѝ е потребно противтенковско и противвоздушно одбранбено оружје“, рече Шолц на прес-конференција по учеството на средбата со западните сојузници.
„Ќе ги обезбедиме потребните средства за купување. Целта е да се зајакне украинската војска за да може да го потисне рускиот напад“, рече Шолц.
Запрашан дали Германија ќе ѝ испорача на Украина тенкови од високата класа „Леопард“, Шолц кажа дека Берлин, како и неговите западни сојузници, заклучиле дека најлогично е на Украинците да им испорачаат оружје што веќе знааат да го користат.
„Сојузниците ги координираа испораките“, рече тој.