Заробени Британци преку руска телевизија бараат да бидат разменети за Медведчук; Со слично барање и Медведчук

Москва, 18 април 2022 (МИА) – На руската телевизија се појави видео од двајца заробени британски доброволци. Шон Пинер и Ејден Аслин биле заробени во Украина, а на руската државна телевизија побараа од британскиот премиер Борис Џонсон да договори размена со уапсениот олигарх и политичар Виктор Медведчук.

Не е познато колку заробените Британци можеле слободно да зборуваат.

Семејството на заробениот Пинер побарало тој да биде третиран како воен заробеник и да се почитуваат меѓународните права.

Утрово Украина објави видео на кое Медведчук го моли рускиот претседател Владимир Путин да го размени за борци од Мариупол, јави Би-Би-Си.

Во меѓувреме, украинскиот проруски политичар Виктор Медведчук, кој беше уапсен минатата недела, побара од рускиот и украинскиот претседател да го искористат во размена со украинските бранители и жителите на опколениот јужен град Мариупол.

Прочитајте и:  Коваленко: Денешниот ракетен удар врз Киев е почеток на масивни напади врз Украина

Медведчук (67) се смета за најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во Украина. Тој беше во домашен притвор во главниот град Киев, но побегна набргу откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Откако беше повторно приведен од украинските сили, Киев соопшти дека го спречила обидот на Москва да го извлече од земјата.

Западни медиуми јавија дека Путин е кум на ќерката на Медведчук, кого Украина го товари за предавство. Тој негира дека сторил нешто лошо.

- Реклама -