Киев, 16 април 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека елиминацијата на украинските борци во Мариупол ќе стави крај на преговорите со Русија.
Зеленски за „Украинска правда“ изјави дека „Мариупол може да биде како десет Бороѓанки“.
„Сакам да кажам дека елиминацијата на нашата армија, нашите момчиња, ќе стави крај на сите преговори“, рече Зеленски.
Тој додаде дека Украина „нема да тргува со својата територија или со својот народ“.