Подољак: ЕУ ни испраќа оружје што ние не го побаравме

Киев, 16 април 2022 (МИА) – Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и шеф на преговарачкиот тим на Украина – Михајло Подољак, рече дека Украина добила оружје од Европа што не го побарала и дека се чека долго тоа да пристигне во земјата.

„Украина, откако побара оружје од Европа, не го доби она што го бараше и пристигнувањето на оружјето трае предолго“, рече Подољак.

Претходно оваа недела, тој им оддаде почит на војниците кои го бранат опколеното јужно пристаниште Мариупол, но призна дека снемуваат резерви.

„Тие се борат под бомби за секој метар од градот. Ја принудуваат Русија да плати превисока цена“, рече Подољак.

Прочитајте и:  Берлин ја зголеми воената помош за Украина за 400 милиони евра и покрај лошата состојба на буџетот
- Реклама -