Премиерот Димитар Ковачевски синоќа бил примен на Инфективната клиника поради болки во стомакот, веројатно од труење со храна. Пуштен е дома и е во добра здравствена состојба.
„Пружена му е целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е испуштен во сосема добра здравствена состојба“, велат од Владата.