Кремљ призна: Претрпевме „значителни загуби“ во Украина, тоа е голема трагедија за нас

Русија претрпе „значителни загуби“ во Украина, призна портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков, во интервју за Sky News.

„Имаме значителни воени загуби и тоа е голема трагедија за нас“, изјави Песков на почетокот на интервјуто.

Последната официјална информација за руските загуби беше објавена од руското Министерство за одбрана на 25 март. Според истата, 1.351 руски војник биле убиени, а 3.825 биле ранети од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина до тој момент.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, неодамна зборуваше за бројка од најмалку 17.000 загинати руски војници.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон
- Реклама -