За Русија суспензијата од Советот за човекови права на ОН е политички мотивирана, за САД е „историски ден“

Москва жали што е суспендирана од Советот за човекови права на ОН, но ќе продолжи да ги брани своите интереси со сите можни правни средства и да ги изразува своите ставови, изјави денеска портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков, по гласањето на Генералното собрание на ОН, каде земјите членки со 93 гласа „за“, 24 гласа „против“ и 58 земји кои беа воздржани, ја поддржаа одлуката.

За Русија, гласањето е „незаконско и политички мотивирано“.

Амбасадорката на САД во ОН – Линда Томас-Гринфилд, од друга страна, на Твитер ја оцени одлуката како „важен и историски ден“.

„Земјите ширум светот гласаа за суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН. Колективно, испративме јасна порака дека Русија ќе сноси одговорност“, порача амбасадорката.

Прочитајте и:  „Фајненшл тајмс“: Русија регруирала стотици Јеменци во војната против Украина

Извор: МИА

- Реклама -