Генералното собрание на ОН ја суспендира Русија од Советот за човекови права

Женева, 7 април 2022 (МИА) – Деведесет и три земји денеска гласаа за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН поради злосторствата во киевското предградие Буча и други места во Украина.

Единствениот друг актуелен член на Советот за човекови права на кој му беше суспендирано членството беше Либија во 2011 година, кога силите лојални на Моамер Гадафи насилно ги разбија антивладините демонстранти.

Дваесет и четири земји гласаа против нејзиното суспендирање од Советот, додека 58 нации беа воздржани. Потребно беше двотретинско мнозинство. Воздржаните не се броеја.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна
- Реклама -