Абрамович присуствува на преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул, Кулеба ги повика украинските претставници ништо да не јадат и да не пијат

Рускиот бизнисмен и милијардер Роман Абрамович, кој беше санкциониран од Западот поради инвазијата на Москва врз Украина, присуствува на мировните преговори меѓу руската и украинската делегација во Истанбул, објави BBC.

На снимките што ги објавија турските медиуми, Абрамович не се наоѓа на главната маса за преговори, но се гледа како седи покрај Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, и носи слушалки за превод.

Медиумите наведуваат дека Абрамович накратко разговарал со Ердоган пред почетокот на преговорите во Истанбул. Во разговорот учествувал и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Волстрит журнал“ вчера објави дека Абрамович, кој го прифатил барањето на Украина да помогне во преговорите за ставање крај на руската инвазија, и украинските мировни преговарачи неодамна имале симптоми на труење по состанокот во Киев.

Прочитајте и:  Макрон: Победата на Украина е во интерес на Европа, не може вечно да се потпираме на САД

Неименуван американски функционер подоцна изјави дека разузнавачките податоци сугерираат дека симптомите на лошата здравствена состојба на рускиот милијардер Роман Абрамович и украинските мировни преговарачи биле резултат на фактори на еколошки фактор, а не на труење.

Новата рунда преговори меѓу руската и украинската делегација почна денеска во Истанбул. Во меѓувреме, една украинска телевизија објави дека членовите на двете делегации не се ракувале пред почетокот на разговорите.

Претходно, шефот на украинската дипломатија – Дмитриј Кулеба, им порача на преговарачите ништо да не јадат, ништо да не пијат и ништо да не допираат преговараат со Русија.

„Ги советувам сите што одат на преговори со Руската Федерација да не јадат и да не пијат ништо. И, ако е можно, да избегнуваат допирање на која било површина“, порача Кулеба.

Извор: МИА

- Реклама -