Кремљ ги негира гласините за здравjето на министерот за одбрана Шојгу

Москва, 24 март 2022 (МИА) – Кремљ ги отфрли шпекулациите за тоа каде се наоѓа министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој со недели не се појавуваше во јавноста, јави ДПА.

„Министерот за одбрана е многу зафатен“, рече прес-секретарот на Кремљ – Дмитриј Песков, додавајќи дека е „сосема разбирливо“ што ова не е момент за појавување во медиумите.

Руските медиуми изразија изненадување што Шојгу не се појавил во јавноста од 11 март, по што се појавија шпекулации за можни здравствени проблеми поврзани со срцето.

Песков ги отфрли овие извештаи и им рече на новинарите да се обратат до Министерството за одбрана.

Руската војна против Украина трае веден месец. Портпаролот на Министерството за одбрана секојдневно даваше извештаи за операциите на руските трупи, а рускиот претседател Владимир Путин исто така даде неколку јавни изјави.

Прочитајте и:  Варшава: Руски разузнавачки служби веројатно стојат зад серијата експлозии во курирски центри низ Европа

Путин беше присутен на состанокот на Советот за национална безбедност во четвртокот, каде што, според Песков, Шојгу го информирал советот за „напредокот на специјалната операција“, како што Русија ја опишува инвазијата на Украина.

Во меѓувреме, Руската телевизија прикажа фотографии на кои се гледа како Путин денеска одржува состанок на Советот за безбедност со највисоките функционери, вклучувајќи го и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

- Реклама -