„Комсомолскаја правда“ ја повлече веста за бројот на загинати руски војници во Украина

Москва, 21 март 2022 (МИА) – „Комсомолскаја правда“ ја повлече веста за бројот на загинати руски војници во Украина и тврди дека е хакирана нејзината интернет-страница.

Московскиот таблоид поврзан со Кремљ истакна дека веста е повлечена бидејќи не е точна.

Претходно, „Комсомолскаја правда“ повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, објави дека при инвазијата врз Украина убиени се 9.861 руски војник биле убиени, а повредени се 16.153 војници.

Киев тврди дека се убиени повеќе од 15.000 руски војници. Додека според руски официјални податоци, за време на инвазијата врз Украина загинале 498.

Прочитајте и:  Борел: Не треба да се дозволи договор меѓу Вашингтон и Москва кој не ги зема предвид ставовите на Киев и ЕУ
- Реклама -