Досега убиени се околу 1.300 украински војници, тврди Зеленски

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, во овие 17 дена од почетокот на руската инвазија врз неговата земја, убиени се „околу 1.300 украински војници“.

Претходно, Високиот комесаријат на Обединети нации за човекови права (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 579 цивили загинале во Украина, а над 1.000 се повредени.

Според податоците на ОХЦХР за време на руската инвазија врз Украина загинале 42 деца, а 54 се повредени.

Канцеларијата на главниот украински обвинител, пак, денеска соопшти дека од почетокот на рускиот напад врз Украина загинале најмалку 79 деца.

Поголемиот број деца жртви се од регионот на Киев, Харков, Доњецк, Суми, Херсон и Житорим.

Вчера украинскиот министер за одбрана Олексеј Режников обвини дека руските сили во Украина убиле повеќе цивили отколку што убиле руски војници:

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина

„Сакам ова да се слушне низ целиот свет, не само во Киев“, додаде Режников.

- Реклама -