Фон дер Лејен: Одлучувачки момент за Европа

Версај, 10 март 2022 (МИА) – Војната на Путин е одлучувачки момент за Европа, изјави претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ во Версај.

„На овој самит ќе ја преиспитаме европската одбрана. Повторно ќе размислиме за енергијата. Треба да се ослободиме од нашата зависност од руските фосилни горива, а за тоа ни се потребни големи инвестиции во обновливите извори на енергија. Тоа е исто така стратешка инвестиција во нашата безбедност и независност“, додаде таа.

„Исто така, сигурно ќе зборуваме за Украина како дел од нашето европско семејство. Сакаме слободна и демократска Украина со која делиме заедничка судбина“, истакна таа.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -