Пентагон се премисли: Ќе биде опасно за украинскиот народ ако Полска испорача руски ловци на Украина

САД се против испорака на воени ловци од руско производство Миг-29 од страна на Полска на Украина за да не ескалира ситуацијата и да не се исппровоцира руски одговор, изјави Џон Кирби, портпаролот на Пентагон.

„Нашите проценки укажуваат дека тоа би било грешка. Би била тешка ситуација за нас, но најмногу за украинскиот народ, кој се соочува со војна и таа војна уште повеќе да ескалира со испорака на офанзивни ловци“, рече Кирби.

Тој истакна дека помалку ризично е кога на Украинците им се даваат „Стингери“ и други рачни оружја за соборување летала и одбрана од тенкови.

„Тие одлично ракуваат со нив и има резултати на теренот. Но испраќање на многу поразорно оружје како воени ловци можа да ја ескалира војната и да предизвика жесток одговор од страна на Русите“, заклучи Кирби.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

Претходно САД им дадоа „зелено светло“ на земјите од НАТО за испорака на авиони за Украина.

Кирби соопшти и дека околу 3000 маринци ќе учествуваат во сојузничка воена вежба во арктички услови под назив „Ладен одговор“ што наскоро треба да одржи во Норвешка.

Извор: МИА

- Реклама -