Трудо верува дека Украина може да победи во војната против Русија

Берлин, 9 март 2022 (МИА) – Канадскиот премиер Џастин Трудо верува дека Украина може да победи во војната против Русија и дека ќе опстане како суверена земја, но како тоа да се случи со најмала можна загуба останува да се утврди.

Тој верува дека е „несомнено“ можно руската инвазија на соседната земја да биде запрена. Патот до победата е „исклучително нејасен“ за Москва во моментов, рече Трудо денеска на настан на Атлантскиот мост и Минхенската безбедносна конференција во Берлин.

„Владимир Путин направи сериозно погрешни пресметки. Тој ја потцени неверојатната храброст на украинскиот народ“, рече Трудо, додавајќи дека лидерот на Кремљ исто така „ја потцени решителноста и единството на демократските сојузници и партнери пред лицето на авторитаризмот“.

Прочитајте и:  Сирски: Русија се обидува да ги потисне украинските сили од Курск со десетици илјади војници

Путин, сепак, би изгубил дури и ако неговите војници успеат да ја окупираат Украина поради „осакатувачките санкции што светот ги воведе врз руските лидери и врз руската економија. (…) Русите ќе продолжат огромно да страдаат поради Владимир Путин“, рече Трудо, пренесува ДПА.

„Тој не очекуваше дека ќе можеме толку силно да соработуваме заедно на таков недвосмислен начин. И мислам дека тоа е затоа што тој фундаментално погрешно ја разбира силата на демократијата“, додаде канадскиот политичар.

- Реклама -