Русија до САД: Забраните се меч со две острици

Москва, 9 март 2022 (МИА) – Русија ја критикуваше одлуката на САД да воведе општа забрана за увоз на руска сурова нафта и предупреди дека тоа може да има глобални последици.

„Притисокот на американските санкции врз Русија одамна ги премина сите граници на политичка и економска смисла“, напиша руската Амбасада во Вашингтон на својата Фејсбук страница.

„Како и обично, САД не размислуваат за фактот дека ограничувањата секогаш се меч со две сечила“, соопшти Амбасадата.

Во соопштението се додава дека „очигледно е оти отфрлањето на руските ресурси ќе доведе до значителни флуктуации на глобалните енергетски пазари“, што негативно ќе влијае врз интересите на компаниите и потрошувачите, пред сè во САД.

Прочитајте и:  Кулеба: Војната во Украина нема брзо да заврши

Амбасадата нагласува и дека „Русија има опции каде да ги пренасочи своите висококвалитетни и конкурентни производи“.

- Реклама -