Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија

Вашингтон, 8 март 2022 (МИА) – Американскиот синџир ресторани за брза храна Мекдоналдс денеска соопшти дека привремено затвора 850 ресторани во Русија поради руската воена операција во Украина.

Компанијата наведе дека ќе продолжи да ги плаќа сите 62.000 вработени во Русија.

Извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински, во писмото до вработените наведе дека затворањето на рестораните сега е исправен чекор што треба да се направи.

Тој додаде дека сега е невозможно да се знае кога Мекдоналдс ќе продолжи со работа во Русија.

Мекдоналдс исто така привремено затвори 100 ресторани во Украина, но ќе продолжи да ги плаќа вработените.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина
- Реклама -