ЕУ воведува овластувања што ќе овозможат санкционирање на дезинформациите од целиот свет

Брисел, 8 март 2022 (МИА) – Извршните власти на ЕУ планираат да предложат нови правила со што ќе им биде овозможено да ги казнуваат дезинформациите од целиот свет, притоа посочивајќи ја како пример руската државна телевизија „Раша тудеј“.

Жозеп Борел – шефот на дипломатијата на ЕУ, рече дека властите треба да бидат способни да ги замрзнуваат средства, како и да забрануваат патувања во регионот, сето во насока на санкционирање на ширењето погрешни информации.

„Треба да ги заштитиме нашите демократии од надворешни влијанија и обиди за манипулации. Ќе предложам нов механизам што ќе ни овозможи да ги санкционираме оние што шират малигни информации“, рече тој.

Борел додаде дека со употребата на лажни вести и дезинформации „Москва ги бомбардира умовите на луѓето во Русија“.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -