Речиси 300 руски православни свештеници побараа крај на „братоубиствената војна“ во Украина

Фото: Рускиот претседател Владимир Путин на Велигден, 2015 година. Во еден момент, сенката од крстот на круната на Патријархот Кирил падна на челото на рускиот лидер. Некои тоа го сфатија како знак од Бога…

284 руски православни свештеници се потпишаа на отворено писмо во кое бараат да се стави крај на „братоубиствената војна“ во Украина, објави FOX News, пренесува МИА.

„Жалиме за тешкото искушение на кое незаслужено се изложени нашите браќа и сестри во Украина“, се вели во писмото.

Руските свештеници потсетуваат дека „последниот суд го чека секој човек“ и дека „ниту еден земен авторитет, ниту лекари, ниту чувари“ не можат да го спречат божјиот Суд.

„Загрижени за спасението на секој човек кој се смета себеси за дете на Руската православна црква, не сакаме тој да се појави пред Последниот суд, носејќи го тешкиот товар на мајчинските клетви… Потсетуваме дека Крвта Христова, пролеана од Спасителот за животот на светот, ќе биде примена во светата тајна Причест од оние луѓе кои даваат убиствени наредби, не во живот, туку во вечни маки“, порачуваат свештениците во писмото.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Конкретно за војната во Украина, тие пишуваат:

„Нè растажува кога мислиме на јазот што нашите деца и внуци во Русија и Украина ќе треба да го премостат за да почнат повторно да бидат пријатели, да се почитуваат и сакаат едни со други“.

„Запрете ја војната“, повикуваат тие.

Писмото на македонски, преведено со Google Translate
- Реклама -