Украински преговарач пред денешната трета рунда: Отворени сме за не-НАТО модел

Украина нема да прави компромиси за својот територијален интегритет во преговорите со Русија, но е подготвена да преговара за модел според кој нема да биде членка на НАТО во иднина, изјави за FOX News украинскиот преговарач Давид Арахамија (фото, тој со капчето).

Украина бара членство во Европската унија и НАТО, на што Москва се противи. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека можноста за членство на Украина во НАТО е доказ дека НАТО врши агресија против Русија.

„Одговорот што го добиваме од земјите на НАТО е дека тие не се подготвени ни да преговараат за нашето членство, барем не во следните пет до десет години“, рече Арахамија.

„Подготвени сме да преговараме за не-НАТО модел. На пример, би можеле да добиеме директни гаранции од различни земји, како што се САД, Кина, Велика Британија и можеби Германија и Франција. Подготвени сме да разговараме со поширок опсег на земји, не само билатерално со Русија, туку со другите партнери“, додаде тој.

Прочитајте и:  Србија се усогласи со пет одлуки на ЕУ, но не и со мерките против лидерите на Придњестровје

Не-НАТО модел (МННА) е име дадено од Соединетите Американски Држави на владите на блиските сојузнички земји кои имаат стратешки односи со вооружените сили на САД, но не се членки на НАТО. Нивниот статус не вклучува договор за взаемна одбрана со САД, но носи различни воени и финансиски предности кои инаку не се достапни за земјите кои не се членки на НАТО.

Аркахамија на својата Фејсбук страна потврди дека денеска продолжуваат преговорите меѓу Украина и Русија.

На 28 февруари се одржаа првите руско-украински разговори во регионот Гомел во Белорусија. Вториот круг се одржа на 3 март во Беловежскај Пушча.

МИА

- Реклама -