Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со „вработените“ на најголемата руска авиокомпанија Аерофлот, откако денеска истата ги суспендираше сите меѓународни летови (освен со Белорусија), следејќи го предупредувањето од руската агенција за цивилна авијација – „Росавијација“ до сите руски авиокомпании: дека поради санкциите од Западот за нападот на Украина, додека се на странско тло, ризикуваат да им бидат запленети сите авиони, патнички и товарни, кои не се во нивна сопственост. Случајно, на средбата Аерофлот ја претставуваа исклучиво фино дотерани и нашминкани атрактивни дами, и ниту еден маж.
Покрај состојбите во авиокомпанијата и санкциите од Западот, Путин на дамите им зборуваше за „специјалната воена операција“, попат и се закани со „катастрофални последици за светот“ доколку било кој воведе забранета зона за летање над Украина, а притоа и посочи дека украинските власти се „нео-нацисти“. Не недостасуваа ниту обиди да ги шармира соговорничките, на што беше возвратено со најширока насмевка од уво до уво секогаш кога некоја од нив ќе забележеше дека е во кадар.
На средбата со вработените од Аерофлот, интересен беше и распоредот на седење, сосема спротивен од она што навикнавме да го гледаме во последно време од Путин. Имено, за разлика од неколкуте средби со светски лидери, министри и генерали, овојпат немаше дистанца од десетина метри, туку рускиот претседател седеше буквално опкружен со претставничките на авиокомпанијата. Па, поаѓајќи од тоа дека „една слика вреди 1.000 зборови“, повелете да направиме фото споредба:
Еве и видео: