Лавров го обвини Зеленски дека сака да предизвика конфликт меѓу Русија и НАТО

Москва, 5 март 2022 (МИА) – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, сака да предизвика конфликт меѓу Русија и НАТО, оцени денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

„Ако Зеленски е толку вознемирен поради немешањето на НАТО во конфликтот, тоа значи дека тој смета токму на НАТО во решавање на ситуацијата“, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија оцени дека милитаристичката жар на Зеленски зборува за тоа дека нему не му требаат преговори со Русија и додаде дека се надева дека тоа ќе се промени.

Според Лавров, украинската делегација постојано бара изговори за одложување на секоја следна рунда преговори со Русија.

„Руските преговарачи чекаат било каква информација од украинската страна, како и во текот на првите две рунди. Ситуацијата изгледа прилично чудна, како сите да се заинтересирани да се постигне договор што е можно поскоро за тоа се целосно да се регулира. Од друга страна, за тоа би требало да е најзаинтересирана украинската страна, која постојано бара изговори да го одложи почетокот на новата средба“, рече Лавров.

Прочитајте и:  Кулеба: Војната во Украина нема брзо да заврши
- Реклама -