Трамп зa руската инвазија на Украина: Сведочиме холокауст, разнесуваат згради со деца, жени, со луѓе…

Поранешниот претседател Доналд Трамп ја опиша инвазијата на Украина како „холокауст“ и побара итен крај на војната, откако пред само неколку дена го пофали Владимир Путин дека е „паметен“ (и американските лидери ги нарече „глупави“), а неговата воена стратегија во Украина ја оцени како „прекрасна“ и „генијална“.

Во интервју за Fox News, Трамп рече дека Русија „мора да престане да ги убива овие луѓе“ и повика да биде постигнат договор со Русија за да се спречи војната. Во суштина, тој го критикуваше лидерството на САД дека не презема ништо и повтори дека Путин не би (се осмелил да) ја нападне Украина доколку тој уште беше претседател.

„И кога гледам што се случува… Нашата земја е како… како да ја водат глупаци. Кога гледате дека не ни сакаат да ја запрат… плаќаме… Замислете, се бориме со Русија, сведочиме холокауст. Гледаме нешто што никогаш претходно го немам видено; начинот на кој напаѓаат – разнесуваат згради со деца, со жени, со професионалци, со луѓе – така гледајте ги, како едноставно луѓе. Тие креваат во воздух сѐ, неселективно, само пукаат масивни проектили и ракети во овие згради и сите умираат. Бројките се далеку полоши од она што го гледате на ТВ, не знам, веројатно ги кријат. Кога ќе видите како експлодираат згради и ќе речат ‘еден загинат’… ма дајте, не ме зезајте. Многу луѓе умираат и ние дозволуваме ова да се случи. Никогаш немаше да се случи, никогаш не требаше да се случи, Путин никогаш немаше да го направи ако јас бев претседател“, рече Трамп (изјавата во вториот твит).

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер
- Реклама -