Ле Мер: ЕУ ќе ги вклучи криптовалутите во пакетот санкции против Москва

Брисел, 2 март 2022 (МИА) – Европската унија ќе ги вклучи криптовалутите во пакетот санкции против Русија, со цел да ја направи агресијата на Москва врз Украина колку е можно поскапа, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

Тој на прес-конференција по состанокот на министрите за финансии на ЕУ истакна дека санкциите против Русија се многу ефикасни и дека тие го дезорганизираат рускиот финансиски систем и ја парализираат способноста на руската централна банка да ја заштити рубљата.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска ја поздрави одлуката на БиХ, Северна Македонија, Црна Гора и Албанија да се приклучат кон финансиските санкции што ЕУ ги воведе на 23 февруари против Руската Федерација.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон
- Реклама -