Женева, 1 март 2022 (МИА) – Претставници од Европа и други сојузници денеска ја напуштија салата за време на обраќањето преку видео врска на шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров, на Конференцијата на Обединети нации за разоружување во Женева.
На видеото објавено на Твитер од француската делегација, се гледа како десетици делегати ја напуштаат салата во моментот кога Лавров го започна своето обраќање.
Како што се наведува во твитот, делегатите ја напуштиле салата „за да ја покажат нивната поддршка за Украина“.
Лавров, пак, рече дека не присуствувал лично поради „срамните мерки на ЕУ кон Русија“.
Во обраќањето, зборувајќи од името на Русија, тој побара американското нуклеарно оружје што се наоаѓа кај некои европски држави – да биде вратено назад во САД.
Walk out from the EU and its partners during the statement from Minister #Lavrov at the #ConferenceOnDisarmament this morning to show our support to Ukraine #StandWithUkraine pic.twitter.com/q6Tq8bdd1D
— France-Désarmement 🇫🇷🇪🇺 (@FR_Desarmement) March 1, 2022