Зеленски: Русите да престанат да бомбардираат цивили, а потоа да се седне на преговарачка маса

Киев, 1 март 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да започнат преговорите за целосен прекин на огнот, откако првата рунда разговори меѓу двете страни оваа недела не даде резултати.

Во интервју од добро чуваниот владин комплекс, Зеленски ги повика членките на НАТО да воведат зона на забранети летови за да ги запрат руските воздухопловни сили, нагласувајќи дека тоа ќе биде мерка на претпазливост што не треба да ја вовлече Алијансата во војна со Русија.

Зеленски, кој ги одби понудите да го напушти главниот град додека руските сили напредуваат кон Киев, исто така рече дека неговата земја ќе бара законски обврзувачки безбедносни гаранции доколку НАТО ги затвори вратите за Украина за членство во Алијансата.

Прочитајте и:  Урната брана во регионот Доњецк, полавени неколку села

Зборувајќи за украинските услови за понатамошни разговори со Москва, Зеленски во заедничкото интервју за Си-Ен-Ен и за агенцијата Ројтерс рече дека е потребно само да се запре руското бомбардирање на цивили, а потоа да се седне на преговарачка маса.

- Реклама -