„Денацификација“ и неутралност на Украина и признавање на рускиот суверенитет на Крим, бара Путин за да запре војната

Москва, 28 февруари 2022 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот француски колега Емануел Макрон дека демилитаризацијата на Украина и западното признавање на рускиот суверенитет над полуостровот Крим се предуслов за прекин на борбите во Украина, соопшти Кремљ.

„Владимир Путин истакна дека решението е можно само доколку безусловно се земат предвид легитимните безбедносни интереси на Русија, вклучително и признавањето на рускиот суверенитет над Крим, демилитаризацијата и денацификацијата на украинската држава и обезбедувањето на нејзиниот неутрален статус“, се вели во соопштението на Кремљ по денешниот телефонски разговор меѓу Путин и Макрон.

Прочитајте и:  Украина: Се бориме за целосно ослободување на окупираните територии
- Реклама -